Хајдук доживеа шокантна елиминација од Европа откако на свој терен загуби од Ружомберок со 1-0, навивачите беа бесни по поразот, а по мечот своето го кажа и Гатузо.
Џенаро Гатузо има многу проблеми откако го презема Хајдук, веројатно неговиот строг стил не е најдобро прифатен од фудбалерите. Ситуацијата со Перишиќ ја урна атмосферата и меѓу навивачите, а веројатно имаше влијание и врз соблекувалната.
Хајдук вчера беше подобар тим, создаде многу повеќе од противникот, но загуби.
Навивачите беа толку лути што дел од нив се обидоа да влезат во ВИП ложата и да се пресметаат со раководството, но беа спречени од обезбедувањето.
„Ништо не беше на наша страна. Фудбалските богови беа против нас“, рече Гатузо по натпреварот.
„Има такви денови во фудбалот. Момците се трудеа, се обидувавме да бидеме подобри, мислам дека заслуживме повеќе отколку што добивме од овој меч“.
„Морав да го подготвам тимот за живот после Перишиќ, знам за каква фудбалска големина станува збор. Мора да се помириме со ситуацијата, жал ми е што не поминавме понатаму“.
„Јасно е дека не можеме да бидеме конкурентни со тим од 17 или 18 играчи, но прашањето за играчкиот кадар е прашање за клубот, а не за мене, јас не раководам со пари и мора да бидам благодарен на она што го имам. Немам забелешки на моите играчи, единствено што беа невнимателни при прекини. Поразот боли, но мора да го надминеме“.