413
Ливерпул ги договори личните услови со грузискиот голман Гиорги Мамардашвили, останува уште Валенсија да ја прифати понудата и трансферот да биде реализиран.
Мамардашвили се сложил една или две сезони да помине на позајмица пред да почне да брани за Ливерпул.
Како кандидат за позајмица се јавува Борнмут. Ако се се одвива според планот, Ливерпул би требало да потпише со Мамардашвили и да го прати во новата сезона во Борнмут.
Се верува дека годишната плата на Грузиецот во Ливерпул ќе биде 4 милиони евра.
Во моментов се водат преговори меѓу двата клуба, се уште нема договор, но прогнозите се оптимистички.
Овој трансфер е важен за нашиот Столе Димитриевски кој ќе биде прв голман на Валенсија доколку Мамардашвили замине.