Жорж Мендеш е во Англија, договара два трансфери

by riste
1 минути читање

Славниот супер-агент, Жорж Мендеш денеска е во Англија каде договара два трансфери, Жоао Феликс во Челси и Мануел Угарте во Манчестер јунајтед.

Угарте ги договори личните услови со Манчестер јунајтед уште пред неколку недели, но клубовите се немаат договорено.

Јунајтед бара попуст или да направат уште една продажба за да можат да го купат Угарте. Во спротивно ќе бараат поевтина опција.

Челси сака да го врати Жоао Феликс на кој му се допадна идејата повторно да игра на Стемфорд Бриџ.

Челси и Атлетико Мадрид се во преговори, но досега им пропадна трансферот на Оморадион, а неизвесен е и тој на Галагер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани