Барселона е виновникот за проблемите меѓу Перишиќ и Хајдук!?

by riste
1 минути читање

Гатузо вчера на прес-конференција откри дека Перишиќ побарал да замине од клубот, поради што тој го отстранил Хрватот од првиот тим.

Следуваше лавина од критиките од навивачите на Хајдук кон Перишиќ кои го навредуваа и бараа тој веднаш да замине од клубот.

Сега во дел од медиумите се пишува дека причина за желбата за заминување на Перишиќ од Хајдук е Барселона.

Наводно Ханси Флик имал желба да го донесе Перишиќ во каталонскиот гигант.

Перишиќ во договорот со Хајдук има клаузула дека може да замине за само 200.000 евра, што го прави овој трансфер многу реален доколку навистина постои интерес од Барса.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани