201
Нико Вилијамс го доби дресот со број 10 во Атлетик Билбао, тоа веројатно значи и потврда дека тој останува во баскијскиот клуб и во новата сезона.
Вилијамс ја доби десетката која ја носеше легендарниот Муниаин, играчот кој целата своја досегашна кариера ја помина во Атлетик Билбао од кој се раздели со завршувањето на минатата сезона.
„Горд сум што ќе го носам бројот 10 од Муниаин и сакам да направам историја како што тој направи“, рече Нико Вилијамс.
Дресот со број 11 кој претходно го носеше Нико Вилијамс, му го даде на Џало.