Влезе Вардар во сезоната со многу промени и голем оптимизам, но сепак во првото коло црвено-црните не изгледаа најдобро на теренот. Вардарци во бледо издание беа поразени во натпреварот против Брера во Струмица со 3:1.
Ивковиќ го отвори резултатот и ја погоди мрежата на Гачевски по само две минтуи игра, додека Вардар до изедначување дојде во 29. минута преку Закариќ, асистент беше Дианеси.
Ако во првото полувреме и видовме нешто од Вардар кој знаеше на моменти да се закани, вториот дел помина целосно во знакот на Брера. Ивковиќ постигна уште еден гол, а конечните 3:1 ги постави Нигериецот, Олаосебикан.
Струмичкиот состав создаде голем број шанси и можеше да постигне уште некој гол, но Гачевски забележа две-три одлични интервенции, а во едната прилика беше погодена и пречката.