Миовски и втор натпревар во низа остана на клупа во Абердин

by Стефан
0 минути читање

Бојан Миовски остана без минутажа и во второто коло од шкотското првенство.

Абердин славеше победа од 3:1 против Сент Мирен, а Миовски натпреварот го помина на клупата за резерви. Не настапи македонскиот напаѓач и во првото коло во кое исто така неговиот тим запиша триуф.

Нема потврда, но отсуството на Миовски веројатно е поради неговиот трансфер кој се очекува. Последните информаци од Шпанија беа дека е многу блиску до преселба во редовите на Жирона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани