Гостивар носи звучно име и во стручниот штаб, пристигнува легенда на Лил и Фенербахче

by bojan
1 минути читање
Муса Со

Македонскиот прволигаш Гостивар потврди големо засилување во раководните структуи, легендата на Лил и Фенербахче, Муса Со ќе биде нов спортски директор.

Гостивар стана познат по тоа што редовно реализира трансфер бомби и носи звучни имиња во ПМФЛ.

Клубот попладнево потврди ново големо засилување, но овој пат во раководните структури.

Нов спортски директор на Гостивар ќе биде Муса Со, кој е легенда на Лил и Фенербахче, со кои има титула во француската Лига 1 и турската Суперлига.

„Му посакуваме топло добредојде и ја поздравуваме неговата одлука да ни се приклучи на нашето патување“ – се вели во дел од соопштението на Гостивар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани