Вест Хем попладнево го потврди трансферот на Жан Клер Тодибо, дефанзивецот пристигнува во Лондон на позајмица си опција за перманентен трансфер.
На почетокот од летово, „чеканите“ со Ница договорија трансфер на Жан Клер Тодибо, односно позајмица со опција играчот во целост да биде купен за 32 милиони евра (околу 27 милиони фунти).
Но потоа интерес пројави Јувентус, и дефанзивецот го откачи Вест Хем. И кога се чинеш дека „старата дама“ е пред потпис со Жан Клер Тодибо во зделка вредна 35-36 милиони евра, се случи нов пресврт.
Французинот се пишмани уште еднаш, реши да ја прифати понудата на Вест Хем и попладнево беше промовиран како нов член на „чеканите“.
Од целата ситуација Ница извлече најголем ќар, бидејќи обцијата која Вест Хем сега ја има за перманентен трансфер изнесува 40 милиони евра (околу 35 милиони фунти).