Бразил убедлив против Австралија, првиот гол падна по само десет секунди игра (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Австралија го пречека Бразил во пријателски меч, а тој со убедлива победа се рехабилитираше од поразот против Аргентина.

Резултатот беше отворен уште во десетата секунда од натпреварот кога Соуза погоди за 1-0.

На вториот гол се чекаше до 62. минута кога Тиаго Силва по една мешаница погоди со глава за 2-0.

Во последниот половина час од мечот беа постигнати уште два гола, Тајсон погоди во 75. минута, а оној кој ја отвори серијата погодоци и ја затвори, Соуза во судиското продолжение ги постави конечните 4-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани