Македонскиот фудбалер, Мартин Мирчевски денеска и официјално беше претставен како нов фудбалер на босански Железничар.
Мирчевски кој во БиХ пристигнува од редовите на ТСЦ Бачка Топола потпиша договор на една година со можност за продолжување на уште една.
„Првите впечатоци се феноменални, слушнав многу за клубот и чест ми е што дојдов во клуб кој има добри навивачи и се надевам дека ќе бидеме во горниот дел од табелата оваа сезона. Работев во текот на паузата, секогаш сум спремен“, изјави Мирчевски.
Во Железничар тој ќе му се придружи на Матеј Цветановски кој претходно пристигна во клубот.
„Се знаеме со Матеј и навистина ќе ми помогна, кога доаѓате во друга држава, добро е да имате некој свој. Навивачите од мене може да очекуваат голови, асистенции, добра игра, желба за победа и борба за тимот“, изјави Мирчевски.