САД во продолжение ја победија Германија за финале на Олимписките игри (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Женската фудбалска селекција на САД ќе игра во финалето на Олимписките игри откако со 1-0 ја победи Германија, мечот беше решен дури по 120 минути игра.

Американките беа поактивни, почесто се обидуваа да дојдат до водство, но во регуларниот тек од мечот мрежите мируваа, па се премина на две продолженија од по 15 минути.

А, во нив беа потребни само пет минути за да биде постигнат гол, Смит реализираше за водство на САД од 1-0, тоа беше и конечен резултат.

Американките во финалето ќе играат со победникот од дуелот меѓу Бразил и Шпанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани