Македонскиот интернационалец Мартин Мирчевски кариерата ќе ја продолжи во екипата на Железничар од Босна и Херцеговина.
Офанзивниот фудбалер за врска по настапите за ТСЦ Бачка Топола во Србија, пронајде уште еден странски ангажман, но се сели во Сараево. 27-годишниот битолчанец ќе ја дели соблекувалната со Матеј Цветановски кој ова лето го комплетира трансферот од Брера во босанскиот клуб.
Минатите сезони Мирчевски настапуваше за ТСЦ за кој одигра 28 натпревари, даде девет гола и забележа три асистенции. Во минатото тој настапуваше во мак-фудбалот за екипите на Вардар и Брера каде што блесна, а беше дел и од Пелистер, Беласица, како и косовска Трепча.
Своевремено Мартин Мирчевски беше младински репрезентативец на Македонија.