Вест Хем го комплетираше трансферот на Никлас Филкруг од Борусија Дортмунд во зделка вредна околу 32 милиони евра сосе бонуси.
Никлас Филкруг е петтото засилување за Вест Хем ова лето, напаѓачот попладнево го комплетираше трансферот во Лондон и стави потпис на четиригодишен договор.
Се говори дека зделката е вредна 27 милиони евра, плус бонуси од 5 милиони евра, од кои 3 милиони евра се многу лесно остварливи.
Со вакври бројки, Борусија Дортмунд речиси двојно заработи по само една година, минатото лето го купи Никлас Филкруг за 15 милиони евра, а зделката сосе бонуси изнесуваше 17 милиони евра.
Од таборот на „милионерите“ брифираат дека немале намера ова лето да се разделат со Германецот, но со оглед на тоа дека добиле прилично убава понуда, а играчот можност за богат долгогодишен договор, прифатиле да го продадат.
Трансферот на Никлас Филкруг е еден од најскапите во Бундеслигата кога се во прашање фудбалери над 30 години.
Поголеми зделки се само оние на Роберт Левандовски во Барселона за 50 милиони евра, и трансферот на Садио Мане во Ал Наср за 30+ милиони евра.