127
Иако е ново засилување за Данди јунајтед, Давид Бабунски веднаш ја доби капитенската лента, Македонецот за брзо време стана главен во тимот.
Данди јунајтед вчера двапати водеше против ФК Данди, но не успеа да победи, натпреварот заврши нерешено 2-2.
„Разочаран сум што не ги земавме трите бода. Ви благодарам на сите за неверојатната атмосфера и поддршка. Повторно може позитивни работи да се извлечат и имаме многу простор за напредок, но градиме во вистинска насока и наскоро ќе бидеме таму каде што треба. Имам голема верба во овој тим“, рече Бабунски по мечот.