Норвешкиот репрезентативец напаѓач Александер Сорлот ќе тресе мрежи за Атлетико Мадрид.
28-годишниот напаѓач веќе пристигна во Мадрид, а таму треба да ги мине медицинските тестови и да стави потпис на договор со Атлетико. За услугите на Сорлот клубот од „Ванда Метрополитано“ ќе плати 30 милиони евра, плус уште 5 низ бонуси.
Се очекува официјализација на трансферот набргу од страна на Атлетико Мадрид. Минатата сезона во Ла Лига тој на 34 натпревари постигна 23 погодоци, а запиша уште три во Лигата на Европа.
Инаку Сорлот за 10 милиони евра минатото лето пристигна во Виљареал од РБ Лајпциг, а претходно во Шпанија играше како позајмен во Реал Сосиедад. Во минатото беше дел од Кристал Палас, Трабзонспор, Гент, Мидтјиланд, Гронинген, Розенборг и Бодо/Глимт.