Фудбалскиот клуб Гостивар по Набил Дирар, доведе уште едно офанзивно засилување во името на Елвис Машике.
Станува збор за фудбалер кој има 30 години и игра на позицијата централен напаѓач. Машике потекнува од Конго, а во Гостивар доаѓа по настапите во Азербејџан каде што беше дел од тимот на Араз.
Машике претходно настапуваше за Хамрук на Малта, а кариерата ја мина низ многу клубови во Чешка и Словачка. 30-годишникот во кариерата беше дел од Жилина, Сеница, Зволен, Серед, Слован Галанта, Локомотива Зволен, Вион, Баник Рузина во Словачка, додека во Чешка настапуваше за Локо Влтавин, Будејовице, Слован Либерец Викторија Зизков, Висехрад. Од 2013 до 2022 година Машике менуваше клубови во овие две земји, пред да замине за авантурата во Малта.