РБ Лајпциг ја одби и новата понуда на Барселона за трансфер на Дани Олмо, проблем не е сумата која ја нудат „каталонците“, туку временската рамка на исплатите.
„Каталонците“ се договорија со Дани Олмо за шестгодишна соработка, но преговорите со РБ Лајпциг не го бележат саканиот прогрес.
Барселона испрати нова понуда, која според новинарот Фабрицио Романо се состоела од загарантирани 55 милиони евра, плус додатни 4 милиони евра во лесно остварливи бонуси, и додатни 3 милиони евра во потешко остварливи бонуси.
Но РБ Лајпциг го одбил и овој предлог. Се говори дека проблем не е сумата, туку временската рамка на исплатите.
„Биковите“ инсистираат најголемиот дел од фиксната сума да го добија во следните месеци.
Од друга страна, Барселона преферира да го одложи плаќањето, и поголемиот дел од фиксната сума да биде платен на среден рок, односно неколку години.