Ди Марија поради смртни закани не се вратил во матичниот клуб!

by riste
1 минути читање

Аргентинската фудбалска ѕвезда, Анхел Ди Марија се откажал од идејата за враќање во Росарио затоа што добивал смртни закани.

По триумфот на Копа Америка, Ди Марија објави крај на репрезентативната кариера, а претходно имаше најавено дека сака да се пензионира во својот роден град, во матичниот клуб Росаиро.

Но, заканите кои ги добил уште во март додека бил во САД со репрезентациите, го предомислиле. Тогаш неговата сестра добила кутија во која имало свинска глава со куршум во челото.

„Во кутијата имаше и порака дека следната глава во кутијата ќе биде на мојата ќерка Пиа. Тие месеци беа страшни, можевме само да седиме и да плачеме“, изјави тогаш Ди Марија.

Аргентинските власти ги опишаа заканите кон Ди Марија како обид за демонстрација на моќ од криминалните организации во Росарио, каде што има зголемување на насилството поврзано со дрога и банди.

Ди Марија во моментов е слободен играч откако неговиот договор со Бенфика истече.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани