Фудбалерките на Австралија ја победија Замбија во најефикасниот натпревар досега на Олимписките игри со огромни 6-5.
Интересно е дека Замбијките поведоа уште во првата минута со голот на Банда, а Кенеди израмни веќе во седмата. Следеа голови на Кундананји и Банда за 1-3, а потоа Расо намали на 2-3. Пред полувремето одново Замбија поведе со два гола со третиот погодок на Банда.
За ситуацијата да биде поинтересна Кундананји на стартот на вториот дел донесе водство од 2-5. Ниту тоа не ги откажа Австралијките кои направија луд пресврт. По два гола до крајот постигнуваа Хејман и Катли, а последниот падна во последната минута од регуларното време за луди 6-5.
Сепак, ова не е рекорд на Олимписките игри, бидејќи истиот го држат Холандија и Замбија (10-3).