212
Милан со 3-2 славеше над Манчестер Сити во пријателски меч кој се играше како дел од турнејата во САД.
Мечот почна добро за Манчестер Сити, англискиот тим поведе во 19. минута со гол на Ерлинг Халанд.
Но, нивното водство не траеше долго, следуваше мини шоу на Коломбо кој постигна голови во 30. и 34. минута за комплетен пресврт и водство на Милан од 2-1. Двата погодоци беа по асистенции на Чукуезе.
По десет минути игра во вториот дел Мекати изедначи на 2-2, а на десетина минути пред крајот Насти донесе победа за Милан од 3-2.