Реал мораше да земе кредит за да го плати бонусот за Мбапе?

by 24 фудбал
1 минути читање

Конечно ова лето заврши една од најдолгите трансфер саги, а поврзана со Килиан Мбапе во Реал Мадрид.

Французинот бесплатно го засили „кралскиот“ клуб, меѓутоа за тоа доби сериозна награда од клубот во кој ќе настапува. За потписот на договорот Реал му исплати бонус на Мбапе од 100 милиони евра. Годишната плата ќе му биде 31,2 милиони евра.

Шпанските медиуми откриваат дека Реал непосредно пред да го исплати овој бонус за Мбапе од една банка подигнал кредит од 130 милиони евра. Во оваа банка „кралевите“ имаат вкупно околу 400 милиони евра долг. Според натписите во медиумите, Реал Мадрид во моментот кога го промовира Мбапе на својата сметка имал „само“ 82 милиони евра, што е најмалку во последните две децении.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани