Асенсио најавува: Во Македонија доаѓаме по три бода

by
1 минути читање

Нема дилеми,
дуелот во Скопје е од огромно значење за фудбалерите на Шпанија во битката за
првото место во квалификациската група „Г“ за директен пласман на СП Русија 2018, тоа го
потврдува и Марко Асенсио, кој во изјава за шпанските медиуми најавува победа
за неговата селекција во недела.

Натпреварот во
Скопје има огромно значење за нас, одиме во Македонија да одиграме одличен
натпревар и да ги освоиме трите бода
“ најави Асенсио.

Ова ќе биде седми
натпревар помеѓу двете селекции, Шпанија има скор од максимални шест победи
досега.

Асенсио два пати
во рок од месец дена ќе ги одмери силите со Македонија, најнапред во недела против
сениорите, за веќе наредната сабота во Полска против нашата млада
репрезентација на Европското првенство за играчи до 21. годишна возраст.

Во
квалификациската група „Г“, по одиграните пет кола Шпанија е на делба на првото
место заедно со Италија со по 13 бодови, следат Израел со 9, Албанија со 6,
Македонија со 3, односно Лихтенштајн засега без ниту еден освоен бод.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани