Аргентинците со жалба до ФИФА поради скандалот на мечот со Мароко

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот турнир на Олимписките игри тргна со ретко виден скандал. Иако првично се сметаше дека мечот меѓу Мароко и Аргентина заврши со нерешени 2-2, всушност судијата го прекинал дуелот поради упад на навивачи на теренот.

Имаше само неколку секунди за доигрување, а два часа подоцна играчите беа повикани назад на теренот. Тогаш судијата го прегледа голот на Аргентина и го поништи поради офсанд, па се доиграа уште три минути и Мароканците славеа.

Овој натпревар крена огромна прашина, а сега се огласи и Фудбалскиот сојуз на Аргентина со соопштение.

Аргентинскиот фудбалски сојуз упати официјална жалба за натпреварот меѓу репрезентациите до 23 години на Аргентина и Мароко. Оваа формална жалба беше направена до Дисциплинската комисија на ФИФА со цел да се преземат потребните чекори. Императивот на натпреварите е да се зачува безбедноста на играчите и мирно да се одвива овој преубав спорт. Ќе направиме се што е потребно за расветлување на ситуацијата.“, е дел од соопштението.

Аргентинците се пожалија за однесувањето на навивачите и безбедноста, а немаат аргументи за да се жалат на исходот на натпреварот. Факт е дека судијата ги загуби конците, меѓутоа голот беше регуларно поништен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани