Марка пренесува дека неодамна Флорентино Перез и Зинедин Зидан разговарале за можен ангажман на Килијан Мбапе, кој е на врвот со листата на желби на „Кралевите“.
Но зделката не е едноставна поради неколку причини.
Секако, прв проблем се финансиите, Монако не сака лесно да се откаже од својот бисер и ќе биде потребна рекордна сума за Килијан Мбапе да биде продаден. Медиумите шпекулираат со бројката од 135 милиони евра.
Втората пробел, кој повеќе се однесува за Зинедин Зидан е прашањето каде играчот ќе се вклопи во тимот на Реал.
Французинот смета дека Роналцо, Бејл, Бензема и Мбапе не можат да функционираат заедно, па некој од „ББЦ“ ќе мора да замине за да се ослободи место.
Кристијано Роналдо и Карим Бензема се недопирливи, па тоа веројатно ќе биде Герет Бејл, за кого постои голем интерес од Премиерлигата.
Зинедин Зидан исто така верува дека евентуален трансфер на Килијан Мбапе ќе се одрази негативно и врз Марко Асенсио.
Младиот Шпанец имаше одлична дебитантска сезона во Реал Мадрид, и често добиваше шанса пред Хамес Родригез.