Македонскиот прволигаш Гостивар се пофали со две интернационални засилувања за следната сезона, бидејќи нови членови на клубот се Алдаир Дјало и Зени Хусмани.
Алдаир Дјало доаѓа од редовите на Санлиурфаспор, турски тим чиј член беше во пролетната полусезона. Во својата крилниот фудбалер настапуваше за доста клубови. Алдаир потекнува од Гвинеја Бисау, а има и португалски пасош. Токму во оваа земја тој ја започна кариерата, преку Пеналфиел и Олханенсе стигна до АЕЛ Лимасол, а потоа играше и за Жил Висенте и Униао Мадеира. Исто така беше дел од Сотира на Кипар, како и словенечките Табор Сежана и Олимпија, а во Турција играше уште за Бодрум.
Зени Хусмани пак е искусен стопер кој се враќа во мак-фудбалот по четири години во словенечки Домжале. Кариерата на Хусмани го водеше преку Шибеник во Домжале, Гиресунспор и Шкендија.
Исто така Гостивар најави и уште едно искусно и интернационално засилување, кое се очекува да биде Набил Дирар.