Партизан настрада на гостувањето во Лублин во првиот натпревар против Динамо Киев во второ коло во квалификациите во Лигата на шампиони, „црно-белите“ загубија со високи 6-2.
Динамо Киев против Партизан беше најефикасниот натпревар денеска во второто коло во квалификациите во Лигата на шампиони, паднаа дури 8 погодоци.
„Црно-белите“ од Белград поведоа во 22. минута, Салдања од пенал донесе 0-1.
Но во финишот од првиот дел, Динамо Киев направи целосен пресврт. Шапаренко изедначи на 1-1 во 40. минута, Бражко ги донесе домаќините во предност од 2-1, а Караваев зголеми на 3-1 во 46. минута.
По десетина минути игра во второто полувреме, Кабаев погоди од врвот на шеснаесетникот за 4-1, а Салдања со својот втор гол во 66. минута, колку толку го врати Партизан во игра и намали на 4-2.
Но во 83. минута пукна петарда, Попов реализраше за 5-2, а дебаклот беше комлетиран во 92. минута кога Пихалјонок ги постави конечнит 6-2.