195
Вирџил ван Дајк рече дека по крајот на Европското првенство ќе донесе одлука за својата клупска кариера, од Англија велат дека тоа се случило.
Ван Дајк му потврдил на Ливерпул дека сака да потпише нов договор со клубот и да остане на Енфилд.
Новиот тренер, Арне Слот не сака да го загуби дефанзивецот кој има уште една година од актуелниот договор со црвените, па одлуката на Ван Дајк е добра вест за него, но и за навивачите.