Трансферот на Калафиори во Арсенал се претвори во сапуница, дел сега бара и Рома, се заканува со тужба

by bojan
1 минути читање

Рома замеша прсти во трансферот на Рикардо Калафиори во Арсенал, „волчицата“ смета дека треба да добие дел од колачот, па дури се заканува и со тужба.

Се верува дека „топчиите“ подолго време имаат договор за трансфер на Рикардо Калафиори вреден 40+5 милиони евра, но никако да пристигне абер дека зделката е реализирана поради недоразбирања на реалација Базел-Болоња.

Имено, на Базел му следуваат 50% од трансферот, или нешто над 20 милиони евра, но популарните „рособлу“ не сакаат да го делат колачот на ваков начин и се обидуваат да најдат компромис.

Газета дело Спорт сега пишува за нов момент, дел од зделката побарала и Рома.

„Волчицата“ го продаде Рикардо Калафиори на Базел во 2022 за сума од 2,5 милиони евра, како и 40% од следната продажба.

Кога Базел го продаде дефанзивецот на Болоња во 2023 за 4 милиони евра, околу 1,5 милиони евра завршија во касата на клубот од Рим.

Но Рома смета дека им следуваат 40% и вториот дел од сумата, односно исплатата од 20 милиони евра која сега Базел ја чека благодарејќи на клаузулата „50% од следниот трансфер“.

Се работи за бројка од 8 милиони евра, која ќе биде добредојдена при настапот на трансфер пазарот, па „волчицата“ се заканува и со тужба.

Останува да се види како ќе бидат надминати сите овие недоразбирања, и кога Рикардо Калафиори ќе се пресели во Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани