Ангеловски: Овие фудбалери заслужуваат полна арена

by
1 минути читање

Македонија одигра одличен меч против Турција, создаде повеќе шанси за гол, два пати ја затресе мрежата но погодоците беа поништени, одбраната функционираше перфектно, па селекторот има многу причини за задоволство.

„Доминиравме на теренот, создадовме неколку убави шанси, противникот беше немоќен. Турција речиси и да не направи ниту една посериозна шанса за гол“ – вели селекторот Ангеловски.

„Мислам дека ова беше убава можност за проверка на силите во пресрет на дуелот со Шпанија“.

„Фудбалерите даваат се од себе, задоволен сум од прикажаното, овие играчи заслужуваат полна арена“.

„Сега погледите ги насочуваме кон Шпанија на која само со тимска игра можеме да и се спротивставиме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани