Турција се извлече со реми во Скопје, Македонија не ја искористи доминацијата да триумфира

by
4 минути читање

Македонија имаше
доминација, ја имаше контролата на мечот против Турција, но на крајот не успеа
да слави, па ќе мора да се задоволи со реми без голови.

По почетниот
притисок на гостите, нашите репрезентативци се ослободија од товарот кој им го
нанеа нивните противници и за момент ја презедоа контролата на играта во своја
корист.

Македонија прва
поведе во 19. минута, но голот беше поништен поради офсајд ситуација, Мојсов за
момент ја крена на нозе публиката на арената.

Веќе во 25. минута
нашите фудбалери дојдоа до одлична прилика преку полу контра да го загрозат
голот на противникот, но Хасани упати брза топка кон Алиоски кој за жал не
успеа да ја стигне.

Мрежите мируваа
по првите 45 минути игра, избраниците на Ангеловски прикажаа солидна игра,
технички и тактички добро поткована на теренот, го бараше патот до мрежата од
голот на гостите, но за жал не го најде.

Нова радост на
трибините, но залудно, Алиоски во 52. минута одлично реагираше при еден отпадок
во казнениот простор на гостите, биеше во мрежата меѓутоа овој гол беше
поништен поради офсајд ситуација.

Во продолжение
натпреварот доби уште поголема динамика, нашите фудбалери дојдоа до нови шанси,
најнапред Стјепановиќ во мини соло акција излезе сам пред противничкиот голман,
но дефанзивците на Турција навреме ја расчистија оваа опасност во 67. минута,
нашиот репрезентативец до оваа позиција дојде по еден фантастичен дриблинг.

Капитенот Пандев
потоа дојде до убава прилика по асистенцијата на Несторовски во 70. минута, но
нашиот репрезентативец не реагираше брзо и противникот навреме ја расчисти оваа
опасност. Минута подоцна Спировски распали со еден разорен удар но истиот беше
блокиран.

Македонија доби
убава можност од слободен удар близу казнениот простор да дојде до водство, но
ударот на Трајковски беше непрецизен.

Тричковски во 83.
минута добро поведе една полу контра
за Македонија, додаде до Алиоски, овој упати непрецизен удар. Тричковски минута
потоа упати директен удар кон противничкиот гол, но истиот беше лесен плен за
Волкан Бабакан.

Голманот на гостите беше вистински херој за својот тим откако го прочита ударот на Ибраими во 89. минута кој излезе сам пред голот.

Се чини дека
Македонија одигра одличен натпревар, покажа доминација на теренот против
фаворитот на овој меч, но истата не ја искористи за да триумфира.

За одбележување е
тоа што и покрај симболичните цени на билетите за овој меч, трибините на
арената во Скопје беа речиси празни, гостите имаа голема поддршка од трибините.




Ова беше осма
меѓусебна средба помеѓу Македонија и Турција, нашиот ривал имa подобар скор
во меѓусебниот биланс од 5 победи, во останатите три натпревари бележиме две ремија и една победа.

Македонија: Димитриевски, К. Ристевски, Мојсов,
Шиков, Алиоски, Пандев (Тричковски 71
), Хасани (Трајковски 62’),Ристовски С. (Тошевски 80), Стјепановиќ, Спировски (Трајчевски 90′), Несторовски.

Турција: Бабакан, Којбаши (Калдирим 46’), Чолак (Јилмаз 79’), Туфан, Ѓонул, Туран (Тосун 62’), Сахан, Унаи (Ундер 46), Мали (Мор 62), Сојунчу, Ајхан.

Главен арбитар на
мечот во Скопје беше бугаринот Тодоров.

Следниот
предизвик за нашите сениори е дуелот со Шпанија во рамките на квалификациите за
СП Русија 2018.

 

Фото вест: ФФМ (Архива)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани