Тиквеш не го сочува водството на Исланд и доживеа елиминација од Европа (ВИДЕО)

by bojan
2 минути читање
Тиквеш

Тиквеш загуби со 3-1 на гостувањето кај Брејдаблик и заврши со настапот во Европа, избраниците на Мојсов има за што да жалат откако поведоа со 0-1 во Исланд.

По Шкендија, и Тиквеш доживеа елиминација во првото коло во квалификациите во Конференциска лига.

Момците на Мојсов има за што да жалат откако поведоа на Исланд, Спахиу донесе 0-1 веќе во 9. минута.

Сепак, Тиквеш не успеа на пауза да замине со предност и дополнително да го стави противникот под притисок, Стеиндорсон во 44. минута изедначи на 1-1.

На стартот од вториот дел, Гунлаугсон стрелаше од далечина за 2-1 и ја елиминираше предноста на Тиквеш од првиот натпревар.

И кога се чинеше дека ќе се играат продолженија, Кристинсонн со голема доза на среќа погоди во 85. минута за победа на Брејдаблик од 3-1 и пласман понатаму.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани