Манчестер Сити попладнево соопшти дека е комплетиран трансферот на Савињо, Бразилецот пристигнува од редовите на Троја, каде не одигра ниту една минута.
Савињо е првото засилување за Пеп Гвардиола ова лето, зделката се најавуваше со месеци, откако десниот бек изминатава сезона ја одигра на високо ниво на позајмица во Жирона.
Бразилецот е во сопственост на Троја (сите три клубови се дел од групацијата на Сити), па „граѓаните“ добија приоритет во однос на останатите заинтересирани клубови.
Како што пренесуваат медиумите, зделката е вредна преку 30 милиони фунти сосе бонуси.
„Многу сум среќен што ќе му се придружам на Манчестер Сити, шампионот во Премиерлигата и освојувачот на Светското клупско првенство. Сите знаат дека тие во моментов се најдобриот клуб во светот, па многу сум возбуден“ – вели Савињо.
„Ќе соработувам со Пеп Гвардиола, еден од најдобрите тренери и знам дека ќе ми помогне да забележам напредок“.
„Со нетрпение чекам да им се придружам на новите соиграчи“.