Реал Мадрид официјално го потврди новиот договор на Лука Модриќ, Хрватот стави потпис на едногодишна соработка.
Лука Модриќ останува на „Сантијаго Бернабеу“, фудбалерот од средниот ред доби нов договор до јуни 2025.
„Кралевите“ попладнево и официјално ја потврдија соработката со која Хрватот ќе ја игра 13-тата сезона во белиот дрес и ќе има можност да стане најстариот фудбалер кој ги бранел боите на Реал Мадрид во историјата (во моментов овој рекорд го држи Пушкаш, кој со 39 години и 36 дена настапи на натпревар од Копа дел Реј во мај 1966).
Лука Модриќ исто така следната сезона ќе биде прв капитен на Реал Мадрид откако Начо реши да се пресели во Саудиска Арабија.
Comunicado Oficial: renovación de Luka Modrić. #Modrić2025 | #RealMadrid
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) July 17, 2024