Тиквеш преку Виена „летна“ кон Исланд на првото европско гостување (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Тиквеш имаа успешен деби настап на евро-сцената, откако со луд пресврт го победија Брејдаблик (3-2) во Скопје.

Сега пред момците на Ѓорѓи Мојсов е гостување на Исланд кај истиот ривал, со надеж дека може да се одбрани позитивниот резултат од Скопје. Кавадарчани два дена порано од натпреварот тргнаа на далечниот пат на северот на Европа.

Авионски летови до Исланд нема, па се бараше поврзување преку Виена. Играчите на Тиквеш пред полетувањето од австриската престолнина се фотографираа и тоа беше објавено на социјалните мрежи. Тимот ќе има доволно време за аклиматизација на Исланд и последните подготовки за историскиот реванш.

Мечот меѓу Брејдаблик и Тиквеш се игра в четврток во терминот од 21:15.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани