196
Според информациите на италијанскиот инсајдер, Фабрицио Романо, Савио Мореира може да стане нов играч на Манчестер Сити.
Станува збор за 20-годишен бразилски офанзивец кој е под договор со францускиот Тројес, но изминатата сезона ја помина на позајмица во Жирона. Со добрите настапи во тимот кој приреди изненадување во Ла Лига и го освои третото место, тој го привлече вниманието и од Манчестер Сити.
Романо објави дека Манчестер Сити оваа недела испратил свои претставници за да разговараат околу можниот трансфер.
Во овој момент не е познато колкава би била оштетата, меѓутоа „Трансфермаркт“ го проценува на 50 милиони евра.