Репрезентацијата на Англија не се покажа во вистинско светло на Европското првенство, но и покрај бледите партии ќе игра во финалето на турнирот во Германија.
Во полуфиналната фаза „Гордиот Албион“ беше подобар од Холандија со 1-2, со нов гол во судиското продолжение. Критиките не стивнуваат иако играта беше за нијанса подобра од претходно. Во низата се приклучи и легендата на Холанѓаните, Рафаел ван дер Варт кој во едно телевизиско гостување во својата земја даде интересна изјава.
„Англија е ср*ње од репрезентација. Имаат врвни играчи, а играат така лошо, како да не им се прави ништо. Не покажа ниту Холандија премногу, мораше повеќе. Сепак, Англичаните имаат таков квалитет и покрај тоа не ги мрдаат своите задници од својата половина. Тажно е“, изјави Ван дер Варт.
Овој коментар англиската јавност го прифати како огорчена реакција за елиминацијата во полуфиналната фаза.