Македонскиот крилен фудбалер, Матеј Цветановски се сели во легендарниот босански клуб, Железничар.
26-годишниот фудбалер стави потпис на двегодишен договор со Железничар.
„Моите први впечатоци се супер, стадионот е многу убав. Се зборува за овој клуб дека е голем и дека има добри навивачи, одлична атмосфера на стадионот. Едвај чекам да заиграм. Имам неколку пријатели во оваа лига и слушнав добри зборови за фудбалот во Босна и Херцеговина, мислам дека ова е чекор напред во мојата кариера. Навивачите на Железничар може да очекуваат дека ќе давам се од себе и ќе гинам на теренот“, изјави Цветановски.
Цветановски во Железничар оди од Брера за која во минатата сезона одигра 25 натпревари, имаше четири голови и четири асистенции. Тој претходно има настапувано за Македонија ЃП, Пелистер, Вардар, Шкупи унгарскиот Гирмот и албанскиот Партизани.