212
Осјек во средата одигра тренинг натпревар против локалниот клуб ФК Раифајзенбанк и победи со 16-0, но тренерот Федерико Копители не бил задоволен од некои работи.
Денот по натпреварот требало да биде слободен, но италијанскиот стратег ги повикал играчите да се појават на тренинг и најпрво им одржал лекција.
Тој со долг монолог го искажал незадоволството од ноншалантниот однос за време на мечот и тактичката неодговорност на играчите на тој меч. Им објаснил дека нема да толерира такво однесување, особено бил незадоволен од играчите кои настапиле во второто полувреме.
По монологот, тимот му го предал на кондицискиот тренинг Паоло Фонте кој со играчите одработил 40 минути напорен тренинг.