232
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, ќе има опција повеќе во дефанзивниот дел од тимот за полуфиналето на Европското првенство.
„Гордиот Албион“ во битката за финале ќе се судри со Холандија, а за тој меч подготвен за настап ќе биде бекот на Манчестер Јунајтед, Лук Шо. Дефанзивецот мака мачеше со повредите и поради тоа Саутгејт беше критикуван бидејќи го повика на турнирот.
Во мечот против Швајцарија во четвртфиналето на Европското првенство, Шо ги одигра првите минути по пауза од февруари. Сега фудбалерот е целосно подготвен и за 90 минути фудбал, меѓутоа тешко е да се очекува дека Саутгејт ќе му даде шанса во почетниот тим.