Чуварот на мрежата на Брера Струмица и капитен на тимот, Марко Алчевски кариерата ја продолжува во Израел во тимот на Хапоел Ерусалим.
Утрово Брера преку социјалните мрежи го потврди трансферот на голманот кој од 2017 година бранеше во Струмица со исклучок на една сезона која ја помина во Борец.
„Нашиот прв голман Марко Алчевски се сели во Израелската Премиер лига каде од следната сезона ќе го носи дресот на Хапоел Ерусалим. 22 годишниот Алчевски кој е чувар на мрежата и на младинската фудбалска репрезентација на Македонија, лани беше капитен на Брера и ја имаше најдобрата сезона во својата кариера“, објави Брера.
Алчевски изминатата сеозна бранеше на 29 натпревари, а тимот на Хапоел сезоната ја заврши како седми во израелското првенство.