„Еб*но невозможно е да го сопрете детево!“ – талентираниот Естевао постигна прекрасен соло гол (ВИДЕО)

by bojan
2 минути читање
Естевао

Популарниот „Месињо“ постигна прекрасен соло гол на натпреварот помеѓу Палмеирас и Бахиа и уште еднаш покажа зошто Челси реши да инвестира околу 60 милиони евра за негов ангажман.

Вилијан Естевао важи за еден од најперспективните фудбалери во Бразил и светот, беше во бележникот на многу гиганти од Европа, а битката ја доби Челси, клубот од „Стемфорд Бриџ“ реши да инвестира околу 60 милиони евра за ангажман на 17 годишното момче.

Популарниот „Месињо“ и покрај направениот трансфер, остана да игра во Палмеирас (додека да наполни 18 години), и утрово уште еднаш покажа зошто беше толку многу баран.

На натпреварот против Бахиа, во финишот на првото полувреме, тој доби топка во фор, одлично се ослободи од својот чувар и прекрасно пласираше покрај стативата за 1-0.

Гостинскиот тренер, легендарниот Рожерио Сени покрај аут линијата разочарано почна да вика: „Еб*но невозможно е да го сопрете детево!“.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани