Капитенот на репрезентацијата на Шпанија, Алваро Мората, доби лоши вести по мечот против Германија бидејќи новинарите во микс-зоната го известија за жолт картон поради кој требаше да добие суспензија.
Се работеше за ситуација во славјето на победничкиот гол во последните минути од мечот. Кога го известија Мората, тој беше многу изненаден и нагласи дека не направил ништо погрешно, туку дека веројанто се работи за Фабијан Руиз.
Така и се испостави, судиите и УЕФА се поправија, па во официјалниот записник жолтиот картон му беше впишан на Руиз кој не е под закана за настап во полуфиналето.
Шпанците добија добри вести дека Мората ќе може да настапи, меѓутоа тие сепак ќе бидат без три фудбалери. Педри се повреди и отпадна од комбинација, поради жолти картони ќе го нема Робин Ле Норманд, а црвен доби Дани Карвахал.