Екс тренерот на Шкендија распали по клупскиот спикер на Сплит, употреби тешки зборови, а овој седеше до него!

by
2 минути читање

Екипата на Сплит
со пет порази во серија, и тоа минимални од по 0-1, ја заврши сезоната на
последното место во Првата лига на Хрватска, па следната сезона ќе игра во
понизок ранг.

Поранешниот тренер
на македонскиот прволигаш Шкендија, босанскиот фудбалски стратег Бруно
Акраповиќ се најде во една мошне непријатна ситуација.

Во последниот меч
сезонава Сплит вчера загуби на домашен терен од Осијек, во чии редови
настапуваат нашите интернационалци Музафер Ејупи и Милован Петровиќќ.

Сплит и Цибалија
водеа голема битка за претпоследното место на табелата кое води во баражот за
опстанок во елитното друштво, па така и двете екипи во ист термин играа на
домашен терен.

Во моментите кога
Цибалија израмни на 1-1 против Локомотива Загреб, спикерот на стадионот во Сплит
се огласи да го пренесе резултатот, а според Акраповиќ, тоа негативно влијаело
на мотивацијата на неговите фудбалери.

Јас секогаш
зборувам директно, бевме подобар противник од Осијек, нив им ја честитам
победата, бевме подобри се додека ретардираниот дебил (официјалниот спикер на
стадионот) го кажа резултатот од мечот на нашиот ривал за опстанок… Во тој
момент падна во вода се што работев на мотивацијата на моите играчи
“ изјави
Акраповиќ, но притоа го предупредија токму човекот што седи до него е спикерот,
на што тој продолжи…

Вие ли сте тој
дебил? Јас останувам на тоа што го кажав претходно, можам да продолжам и
понатаму…
“ додаде Акраповиќ при што спикерот му одговори дека нема потреба,
неговите зборови доволно говореле околу неговата култура.

Сплит со
евентуална победа во вчерашниот меч ќе го освоеше местото кое води во бараж
рундата, но до тоа не дојде. Осијек постигна гол во самиот финиш од мечот за
минимална победа од ова гостување.

Босанскиот
фудбалски стратег го презеде кормилото во Шкендија во декември 2015, го
предводеше тетовскиот клуб до историскиот успех во Лига Европа, каде стигна до
бараж рундата, но забележа елиминација од белгиски Гент, на чекор до групната
фаза во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Доби отказ од
Шкендија по слабите резултати на стартот од оваа сезона во македонскиот
фудбалски шампионат.

Извор/Фото:
Индекс.хр

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани