Поради суспензијата на Демирал се огласи и Ердоган – утре пристигнува во Берлин!

by Стефан
1 минути читање

Eвропската куќа на фудбалот денеска го суспендираше Мерих Демирал од редовите на Турција и така предизвика бурни реакции, а се огласи и дури претседателот на државата, Реџеп Таип Ердоган.

Демирал голот против Австрија голот го прослави со симболот на „сивите волци“ која е ултранционалистичка турска група. По натпреварот порача дека не се кае и дека и понатаму би славел на тој начин.

УЕФА поради тоа го суспендираше на два натпревари, па така нема да игра утре против Холандија, но и во полуфиналето ако Турција се пласира.

Шокиран од постапката на УЕФА беше и Ердоган кој утре во Берлин ќе дојде да ја поддржи репрезентацијата.

„Зошто никој не се запраша зошто на дресот на репрезентацијата на Германија стои орел или на дресот на Франција петел? Мерих со тој гест само покажа емоции“, изјави Ердроган.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани