Според германскиот весник „Билд“, УЕФА го казнила Мерих Демирал со два меча суспензија поради начинот на кој прослави на мечот со Австрија.
Демирал се радуваше правејќи го контроверзниот „волчји поздрав“ кој е имбол на турските десничкарски есктремисти кои веруваат во супериорна турска раса и обединување на сите турски народи во една држава, односно создавање на царство од Балканот па се до Кина.
Ваквиот негов гест крена лавина реакции по што УЕФА покрена случај. Одлуката е Демирал да добие два меча суспензија.
Тоа значи дека фудбалерот на Турција кој даде два гола против Австрија нема да игра против Холандија во четвртфиналето.
Турците до утре изутрина имаат можност да ја обжалат одлуката, но мали се шансите таа да биде променета.