Заниоло се врати во Серија А!

by riste
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Рома, Николо Заниоло во наредната сезона ќе настапува за Аталанта.

По авантурите во Галатасарај и Астон Вила, Николо Заниоло се враќа во Серија А.

Аталанта договори позајмица на Заниоло од Галатасарај со опција за откуп. Фудбалерот во наредните денови ќе ги помине медицинските прегледи и ќе го комплетира трансферот.

Италијанскиот клуб за позајмицата ќе плати 6 милиони евра, а ќе може целосно да го откупи за 14,5 милиони евра.

Опцијата за откуп може да стане и обврска доколку се исполнат некои услови.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани