Бледите партии не се проблем, Англија сè уште е прв фаворит за трофејот на ЕП

by 24 фудбал
1 минути читање

Европското првенство е во завршната фаза, се игра нокаут рундата и сега се најголемите возбудувања. По комплетирањето на осминафиналето, познати се паровите во фазата на осумте најдобри.

Таму Германија ќе се судри со Шпанија, а вкрстуваат со подобрите од мечот на Франција и Португалија. На другата страна на костурот Англија ќе игра против Швајцарија и се вкрстува со победникот од натпреварот на Турција и Холандија.

По крајот на осминафиналето немаше некоја драстична промена на фаворитите. И натаму веројатно поради страната на ждрепката прв фаворит е Англија, но многу близу според шансите е Шпанија, па следат Франција и Германија.

  • Листа на фаворити за освојување на ЕП:
  1. Англија – 4,5 коефициент
  2. Шпанија – 5 коефициент
  3. Франција – 5,5 коефициент
  4. Германија – 5,5 коефициент
  5. Холандија – 8 коефициент
  6. Португалија – 10 коефициент
  7. Швајцарија – 15 коефициент
  8. Турција – 35 коефициент

Четвртфиналните пресметки се играат во петок и сабота.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани