142
Европската фудбалска федерација – УЕФА ги одреди арбитрите за првите две четвртфинални пресметки на Европското првенство. УЕФА делегира двајца англиски судии за двете дерби пресметки на континенталниот собир.
Четвртфиналната фаза ќе ја отворат Шпанија и Германија во петок во терминод од 18:00 часот, а за тој натпревар е делегиран искусниот Ентони Тејлор.
По овој меч во вечерниот термин во Хамбург ќе се судрат гигантите Франција и Португалија. За овој натпревар УЕФА го одреди Мајкл Оливер.
Засега не се одредени судиите за саботните пресметки меѓу Холандија и Турција, како и Англија против Швајцарија.