Репрезентацијата на Холандија ја оправда фаворитската улога и славеш победа од 3:0 против Романија во осминафиналето на Европското првенство.
Романците иако не беа фаворити сепак тргнаа храбро и во почетните минути создадоа по некоја полушанса. Сепак, како што одминуваше времето Холандија се повеќе доминираше и се играше пред голот на Романија.
Колку доминираше Холандија покажуваат и 10-те корнери кои ги имаа само во првото полувреме. Натпреварот го завршија со над 20 удари.
Првиот гол го постигна фудбалерот на Ливерпул Коди Гакпо во 20-тата минута, а на почетокот на вториот дел еден гол и му беше поништен поради недозолена позиција.
🚨 GOAL: Romania 0-1 Netherlands!
— Euro 24 Hub (@Euro24Hub) July 2, 2024
CODY GAKPO PUTS THE NETHERLANDS IN THE LEAD! 🇳🇱
pic.twitter.com/wv45fpgKeW
Голема работа заврши Гакпо и при постигнувањето на вториот гол кога по еден соло-продор го пронајде Мален на кого му остана да ја смести топката во мрежата за 2:0, Фудбалерот на Борусија Дортмунд во самата завршница го постигна и својот втор гол за конечни 3:0.
🚨 GOAL: Romania 0-2 Netherlands!
— Euro 24 Hub (@Euro24Hub) July 2, 2024
MALEN INCREASES THE LEAD! 🇳🇱 pic.twitter.com/g29EBg6kE4
🚨🚨| GOAL: DONYEL MALEN WITH A GREAT GOALL!!
— Joop (@Joopfu) July 2, 2024
🇳🇱 Netherlands 3-0 Romania 🇷🇴 pic.twitter.com/B6xY1Eqs6Z
Во четвртфиналето Холандија ќе игра против подобриот од вечерашниот дуел помеѓу Австрија и Турција.